fbpx
-2.2 C
Skopje

Македонска владина делегација во официјална посета на БиХ

АКТУЕЛНО

Македонска владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Босна и Херцеговина.

Свечениот пречек ќе се одржи на платото пред зградата на заеднички институции на БиХ по што следува средбата на македонската делегација со членовите на делегацијата на Советот на министри на БиХ.

По средбата, според информациите од Службата за информирање на Советот на министри на БиХ, планирани се изјави на премиерот Заев и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.

Во состав на македонската делегација се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство Љупчо Николовски, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми.

Во рамки на посетата предвидено е да биде потпишан меморандум за разбирање меѓу македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, како и потпишување на Програмата за културна соработка меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за цивилни работи на БиХ.

Според агендата предвидено е попладне кај Ротимље македонскиот премиер заедно со претседавачот на Советот на министри на БиХ да положат цвеќе на спомен обележјето на трагично загинатиот македонски претседател Борис Трајковски и членовите на неговата делегација.

Во вечерните часови премиерот Заев заедно со Звиздиќ ќе присуствуваат во Мостар на манифестацијата „Мостар не ги заборава пријателите“.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -