fbpx
9.8 C
Skopje

Распишана меѓународна потерница за Грујевски и Бошковски

АКТУЕЛНО

По наредба на судот е распишана меѓународна потерница по екс началникот на УБК, Горан Грујевски и неговиот шеф на кабинет Никола Бошковски кои се во бегство.

-Вчера, 26 јули 2017 година, во 21 часот Апелацискиот суд во Скопје до Министерството за внатрешни работи достави наредби за спроведување на Г. Г. и Н. Б. во Истражниот затвор Скопје. Иако телефонски Судот во 17 часот го извести МВР дека ќе бидат испратени наредбите, тоа се случи дури во 21 часот, кога МВР можеше да постапи согласно своите законски овластувања.

Веднаш беше распишана национална потерница со која се спроведоа активности за приведување на осомничените. Tимовите на Министерството извршија проверка на објектите на адресите кои се пријавени како места на живеење на осомничените и проверки на повеќе локации на територијата на Република Македонија, поточно во Скопје, Велес и Охрид, за кои имаше оперативни сознанија дека осомничените ги користат за криење. Со оглед на тоа дека не беа пронајдени, МВР, согласно законските надлежности, побара од Судот согласност за распишување на меѓународна потерница и по наредба на Судот веќе е распишана меѓународна потерница, соопштија од полицијата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -