Македонската машка ракометна репрезентација денес пристигна во Франција, со лет од Софија, преку Виена до Луксембург, од каде пак со автобус патуваа 30 километри до крајната дестинација Мец.
Како што беше испланирано, по пристигнувањето и сместувањето во хотелот, ракометарите го имаа и својот тренинг, почувствувајќи го паркетот во „Арена де Мец“.
Нашата селекција својот прв натпревар во игра во четврток, со почеток од 17:45 часот, каде за противник ја имаме репрезентацијата на Тунис.