11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Машка менопауза – Вистина или мит?

Машката менопауза или андропауза ги опишува промените кои настануваат во машките хормони. Оваа појава е позната и како недостаток на тестостерон, андроген и доцен почеток на хипогонадизам.

Машката менопауза вклучува пад на производсвото на тестостерон кај мажите постари од 50 години. Често е поврзана со хипогонадизам. Двете состојби означуваат смалено ниво на тестостерон и слични симптоми.

Тоа не е само зголемена грижа за изгледот, промената на фризурата или купувањето на нови автомобили или мотори, како и склоност кон помлади жени. Симптомите се многу поголеми од тоа, а започнуваат во самото тело, како и кај жените.

Сепак, разликата меѓу мажите и жените е голема. Пред се, не ја доживуваат сите мажи. Второ, не подразбира потполно исклучување на репродуктивните органи. Но, сексуалните компликации настануваат како последица на намалувањето на нивото на хормоните.

Симптоми

Машката андропауза може да предизвика физички, сексуални и психолошки проблеми, кои обично се зголемуваат со текот на годините. Најчести симптоми се: ниска енергија, депресија, тага, намалена мотивација, ниска самодоверба и чувство на физичка слабост, намалено либидо, па дури и неплодност.

Кај некои мажи може да се случи да имаат отечени или чувствителни гради, намалена големина на тестиси, губење на влакна и пад на коса. Ретко, но може да се случи и намаленост на коскено ткиво, односо остеопороза.

Кај мажите кои имаат почувствувано некој од овие симптоми се препорачува посета на доктор, кој може да ја провери висината на тестостеронот. Доколку не се појават поголеми проблеми, ова може да се надмине и без терапија. Често се случува мажите да се обидат да се соочат со оваа појава сосема сами, срамејќи се да разговараат со некого на оваа тема, па дури и со стручно лице.

Најчесто ова се надминува полесно со создавање на здрави животни навики. На пример, здрава исхрана, редовно вежбање, долг сон и намалување на стресот.

Уште една можност е хормонска терапија која е прилично контраверзна. Употребата на стероиди може да доведе до неколку нус појави. Затоа, доколку ви препорачаат да ја употребите, прво добро упатете се за можностите и ефектите од терапијата.

Извор: Hybread.mk

поврзани објави

Последни објави