30.8 C
Skopje
Thursday, June 20, 2024

Димитров: Никој досега не побарал Македонија да стане дестинација за бегалци

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров синоќа на твитер и на својот фејсбук профил напиша дека никој од соговорниците со кои досега имал средби, не побарал Македонија да стане земја дестинација за бегалци.

– Имав стотини средби од 1 јуни наваму. Ниту еден, ниту еден соговорник нема побарано Македонија да стане земја дестинација за бегалци. Факт, гласи твитот и постот на Димитров.

Министерот додава дека потребата да се шири страв потекнува од сопствениот страв – од одговорност.

поврзани објави

Последни објави