Редфорд ја прифатил за да ја задоволи постарата публика, но и дека сакал уште еднаш да сними филм со Фонда пред да умре.
Расположени, легендарните актери Џејн Фонда (79) и Роберт Редфорд (81), пристигнале на Филмскиот фестивал во Венеција, каде им беа врачени Златни лавови за животно дело и го промовираа својот нов филм „Нашите души ноќе“, во кој глумат љубовници.
„Нашите души ноќе“ е четврти заеднички филм на Редфорд и Фонда. Првиот го снимиле пред 50 години, а сега повторно се најдоа пред камерите. Станува збор, бележи српски „Курир“ за романтична приказна за луѓе кои наоѓаат љубов во зрели години, филм кој наишол на топол прием меѓу новинарите во Венеција. Двата лика се многу сексапилни суштества.
Но, филмот е тивка и бавна медитација за повозрасни луѓе кои влегуваат во нова врска, од почеток. Постои тука и телесност, но таа постепено се гради. Очигледно не доволно брзо за Џејн, која на пресконференција во Венеција изјавила дека режисерот премногу брзо ги прекинувал сцените со секс.
– Јас живеам за секс сцени со Роберт. Тој не сака секс сцени, но прекрасно се бакнува – признала Фонда, која првпат заедно играше со него во „Потера без милост“ во 1966 година, а следната година го снимија филмот „Босонога во парк“.
Со малку посериозен тон, Фонда додала дека сакала да сними филм со него зашто сакала уште еднаш да се заљубува во Редфорд, но и затоа што филмот зборува за надежта.
– Никогаш не е предоцна. Ако сте храбри и подготвени да ризикувате и да скокнете во непознатото, можете да станете она што би требало да бидете дури и ако тоа никогаш претходно не сте биле – порачала актерката, на што новинарите возвратиле со аплауз.
Редфорд пак рекол дека оваа улога ја прифатил затоа што тоа е нешто што ќе ја задоволи постарата публика, но и дека сакал уште еднаш да сними филм со Фонда пред да умре. Тој додал дека во изминатите 50 години пријателство и професионална соработка со актерката, секогаш се течело како подмачкано меѓу нив.
– Коцките се поклопија. Меѓу нас има љубов, има некаква поврзаност. Тоа веројатно е поврзано со нашиот однос кон работата и кон животот – објаснил Редфорд.
И двајцата истакнати активисти, сепак не сакале сега да се занимаваат со политика и само порачале дека на сите ни треба надеж и апелирале за спас на планетата.
– Имаме само една планета и веќе ја изџвакавме. Имаме одговорност, ако ни е грижа за идните генерации, треба да направиме се што можеме за да го зачуваме она што остана – рекол Редфорд, на што Џејн додала дека тоа подразбира многу промени.