Со години Пепе беше член на Реал Мадрид, пројде се и сешто во дресот на тој клуб, но набрзо “се разболе од амнезија“
Пепе заборави на сето она што со години го помина како играч на кралскиот клуб. Имаше безрезервна поддршка на навивачите дури и тогаш кога не ја заслужуваше, но со заминувањето во Турција го промени своето мислење.
“Навивачите на Бешикташ се фантастични. Реаловите навивачи никогаш не биле толку страствени. Овде во Турција играчите се добро мотивирани. Во времето кога играв за Реал, моравме самии себе да се мотивираме бидејќи навивачите не ни го пружаа тоа. Едноставно, тие не се страствени“, рече Пепе пред турските медиуми. Тој во Реал беше 10 години, одигра 229 натпревари за славниот клуб и освои баш се.