Господа од ВМРО-ДПМНЕ кој и да Ви ја пишувал кривичната пријава е правно неписмен и треба да му се земе дипломата (ако ја има). Повелете краток час по кривично право пд професорот:
1. Генералниот секретар не ги носи одлуките за назначување, туку Владата како колективен орган. Генералниот секретар дури и не учествува при гласањето. Џабе 11 години на власт кога не го знаете законот за влада
2. Доколку едно решение е донесено спротивно на закон, треба да го оспорите самото решение, а не да го тужите носителот на истото. Решението е тоа кое произведува правно дејствие, а не оној кој го носи.
3. Доколку Вашите директори беа незаконски сменети, зошто не покренаа постапка против решението за разрешување? Послатка им беше апанажата која брзаа да ја земат. Сите Ваши директори поднесоа барање за апанажа.
4. За да кажете дека критериум за избор е членство во СДСМ треба да имате во секое персонално досие на секој избран директор копија од членска карта на СДСМ како доказ дека тоа се барало при изборот.
5. Треба да знаете дека лажното пријавување е кривично дело само по себе, а одговара подносителот на пријавата, а доколу е правно лице одговара раководното лице во партијата. Соопштете го името на потписникот на пријавата, само немојте да е правник зошто ова е правно неопростливо незнаење.
6. Како знаете дека кандидатите не исполнуваат услови? Сте побарале ли од некој да ви достави доказ дека директорите исполнуваат услови?
7. Што знаете вие дека јас знам, па вака неосновано ме обвинувате?
Господа од ВМРО-ДПМНЕ кој и да Ви ја пишувал кривичната пријава е правно неписмен и треба да му се земе дипломата (ако…
Posted by Dragi Raskovski on Saturday, September 9, 2017