30.8 C
Skopje
Monday, July 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе биде запаметен како еден од најнеуспешните премиери на Македонија

„Ниту едно бледо соопштение на неспособниот СДС и Зоран Заев, нема да може да го прекрие фактот дека за 100 дена од нивното владеење, уништија се што направи владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во македонското здравство.

СДС и Заев наместо да се занимаваат со демагогија и да пласира трули тези подобро е да сработат нешто и да инвестира во подобрување на здравствениот систем.

Граѓаните знаат дека СДС и Заев за 100 дена од нивното расипничко владеење безмислосно потрошија 350 милиони евра на лусксузирање и комотен живот, а граѓаните од тоа ништо не видоа.

За само 100 дена од владата на СДС и Заев, ја имавме најцрната недела во историјата на Македонија, со смртта на 10 дечиња по разни болници, а за ова одговорност од СДС немаше.

Заев ќе биде запаметен како еден од најнеуспешен премиер на Република Македонија, кој што ужива во хаосот и безредието кој и самиот го создава.

Граѓаните знаат дека приоритет на Заев и СДС е лично богатење, а не грижата и здравјето на граѓаните.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Политичка одговорност за ова ќе има. Граѓаните на 15-ти октомври ќе ја казнат целосната негрижа, неодговорноста и неспособноста на СДС и Зоран Заев“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

     

Последни објави