7.8 C
Skopje
Friday, November 1, 2024

Заслужен црвен картон: Мане брутален, Едерсон на носилки

Садио Мане беше избран за најдобар фудбалер во Премиер-лигата во август, но Сенегалецот на Ливерпул очајно го почна септември по бруталниот старт и заслужениот црвен картон во првото полувреме од дербито со Манчестер сити.

Мане бркаше едно долго додавање кон противничкиот шеснаесетник, кога со превисоко крената нога го удри домашниот голман Едерсон. Намера не постоеше, но Едерсон остана неподвижно да лежи, а фудбалерот на Ливерпул заслужено заработи црвен картон.

Бразилскиот голман не можеше да продолжи и беше заменет, а Сити веднаш ја искористи прдноста од фудбалер повеќе и преку Габриел Хесус поведе со 2-0 (претходно првиот гол го постигна Агуеро).

http://www.dailymotion.com/video/x6043zk

Ekipa.mk 

поврзани објави

Последни објави