Народниот правобранител заедно со Хелсиншкиот комитет побараа од премиерот Зоран Заев утре да го посети најголемиот затвор во државата Идризово, со цел да се запознае со состојбата и условите.
Затворот веќе подолго време е мета на критики поради лошите услови во кои се држат затворениците.
Премиерот на државата ќе биде придружуван од извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска и народниот правобранител, Иџет Мемети.