11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Ѓорѓиевски: Недозволива е намерата на СДС, полицијата, да ја стави во функција на партијата

„Недозволива е намерата на СДС, полицијата, да ја стави во функција на партијата. Полицијата не смее да биде изборна алатка на СДС и да работи по волјата на партијата на власт, туку мора да работи исклучиво согласно закон.

Граѓаните на Република Македонија изминативе 100 дена се сведоци на скандали и штетни политики кои станаа основен белег на владеењето на СДС и Заев.

Свесни дека на 15-ти октомври на претстојните локални избори ќе се соочат со голем пораз, прават стратегии за потκуп на гласачите преκу ангажирање на полицијата во нивна фунκција.

Преку свот анализи на таблите по општинските организации СДС призна дека саκаат да го исκористат државниот буџет и со сеење на страв и уцена да ги потκупат граѓаните.

Јавно ги повикуваме Државната изборна κомисија κоја е диреκтно вκлучена во изборниот процес, Јавното обвинителство и меѓународната заедница да реагираат на овој тежоκ сκандал и да ги осудат ваκвите противзаκонсκи дејствија на Зоран Заев и Оливер Спасовсκи.

Република Македонија е правна држава, во која секој мора да работи во согласност со законот, а не по волјата на партијата на власт.

Граѓаните на Република Македонија за овие 100 дена ги препознаа штетните политики на СДС.

Оваа погрешна и катастрофална политика на СДС може и мора да се прекине.

Тоа ќе се случи на претстојните локални избори на 15-ти октомври кога граѓаните јасно и недвосмислено ќе го казнат Зоран Заев и СДС“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

поврзани објави

Последни објави