Дресот со број 7 во Манчестер Јунајтед и понатаму никој не го носи. Седмицата го чека својот вистински сопственик.
Бест, Робсон, Кантона, Бекам и Роналдо го носеа бројот 7 на грбот на својот дрес во Манчестер. Седмицата на Олд Трафорд е митски број и само најголемите имаа прилика да го носат. Традицијата беше таква, но со текот на време се изгуби. Навивачите не можат да бидат задоволни со фактот што играчи како Депаи последни го облекао светиот дрес со број 7.

Сега тој број мирува, го чека својот (горд) сопственик, а медиумите во Англија пишуваат дека тој е резервиран за Антонио Гризман, напаѓачот на Атлетико Мадрид. Наводно Јунајтед спрема 100 милиони фунти за наредната година за да го купи Гризман, на кого, меѓу останатото, ќе му биде понуден бројот кој не може да го носи било кој.