27.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

ДС: Прво избор за судија, па обука во Академијата за судии и обвинители

„Демократскиот сојуз смета дека реформите во правосудниот систем се од круцијална важност за обезбедување на правна сигурност и еднаква примена на законите.

Во оваа насока предлагаме прво да се врши избор за судија и тоа за во првостепените судови, а по изборот да се упатуваат на обука во Академијата за судии и обвинители.

Сегашната поставеност овозможува преку приемот (лесен) во Академијата, дефакто се врши и избор за судија што е своевиден апсурд. Во таквата законска регулатива, Републичкиот судски совет врши само верификација на кандидатите кои ја посетувале Академијата.

За избор на судија мора да има цврсти критериуми, помеѓу другото, а работното искуство треба да биде еден од критериумите.

Воедно предлагаме без претходно искуство како судија, да не може да се избираат кандидати за во повисоките судови, што беше досега пракса, која го рушеше кредибилитетот на повисоките судови, посебно на Врховниот суд“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

поврзани објави

Последни објави