13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Во Делчево состанок со кандидатите за градоначалник

На иницијатива од Општинската изборна комисија (ОИК) во Делчево, денеска во Полициската станица се одржа состанок со кандидатите за градоначалник и носителите на листи за членови на Советот на Општината.

Целта на состанокот, како што рече претседателот на ОИК Владимир Петревски, е одржување на фер, демократски избори и изборен циклус согласно законските решенија.

Присуствуваа првите луѓе на делчевската полиција, Основното јавно обвинителство, општинскиот инспекторат и ОИК.

– Целта на овој состанок е да се запознаат учесниците со изборниот процес и со законските прописи кои ги регулираат изборите, но и со значењето за Македонија за одржување демократски изборен циклус. Беа потенцирани одредбите од Изборниот законик, од Кривичниот законик кој ја регулира оваа материја, од Законот за јавна чистота и одредбите за нарушување на јавниот ред и мир. Задоволен сум што состанокот помина во конструктивна и пријатна атмосфера, истакна Петровски.

Кандидатите за градоначалник од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ ветија фер и демократски избори, како и изборен циклус без инциденти во Делчево.

Кандидатите за градоначалник на Делчево в недела ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори согласно Изборниот законик.

поврзани објави

Последни објави