13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

„Ројтерс“: Русија тајно помага на Северна Кореја

Анализата на агенцијата „Ројтерс“ покажува дека оваа година најмалку осум севернокорејски танкери од Русија испловиле за Северна Кореја иако навеле друга одредница.

На тој начин Пјонгјанг се обидува да ги заобиколи меѓународните санкции кои се воведени поради нивната нуклеарна програма, додека според „Ројтерс“, Русија си поигрува со целиот свет.

Осум танкери со носивост од 500 до 2000 тони наводно испловиле од Владивосток и Нахотка, а сите бродови натоварени во Владивосток превезувале дизел, се вели во извештајот.

Танкерите биле лоцирани во пристаништата Кимчек, Чонџин, ХУнгнам и Наџин во Северна Кореја, иако како одредница ги имале наведено Кина или Јужна Кореја. Податоците до кој дојде „Ројтерес“ по анализата на движењето на бродовите покажува дека ниту еден од нив не стигнал до Кина и повеќето се вратиле во Русија.

Руското министерство за надворешни работи не се изјаснило конкретно за овие обвинувања, но истакнуваат дека ги почитуваат санкциите, пренесува „Велт“.

Во првиот кварал од 2017. година, вкупниот обем на трговија помеѓу Русија и Северна Кореја, наводно пораснал за повеќе од 100 отсто и достигнал вредност од 31,4 милиони долари. Тоа најчесто е остварено од шверцери кои ја користат приликата за да заработат, меѓутоа, британската агенција смета дека е невозможно тоа да се изведе без знаење на државата.

Доналд Трамп на маргините на состанокот во ОН неколку пати повтори дека Русија и Кина мора да го зауздаат Ким Џонг Ун и да го натераат да се откаже од провокативните маневри.

– Доколку сакате да бидете дел од борбата против тој отпаднички режим, тогаш направете го тоа, рекол Трамп.

Според „Ројтерс“ Кина и Русија не посакуваат Ким Џонг Ун да падне, бидејќи тоа би значело воспоставување на нов режим и американско мешање во нивниот двор.

поврзани објави

Последни објави