Sun. Sep 24th, 2023

Фејсбук до американскиот Конгрес ќе достави информации за реклами прикажувани на социјалните мрежи, коишто содржат индикации за евентуално руско вмешување во ланските претседателски избори во САД, соопштија од компанијата.

Пред две седмици Фејсбук објави дека 470 лажни профили, веројатно активирани во Русија, пуштале реклами, со вкупна вредност од 100.000 долари, во периодот меѓу јуни 2015 и мај 2017. И, сето тоа било со цел – потхранување на политичката и општествената поларизација во САД пред и по американските претседателски избори.

– Цврсто верувам во демократските процеси и не сакам никој да ги користи нашите средства за да ја поткопува демократијата. Работиме активно со американската Администрација околу истрагата за руското вмешување во изборите од 2016. на кои победи Доналд Трамп, изјави директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг.

Leave a Reply

Your email address will not be published.