23.8 C
Skopje
Thursday, June 13, 2024

Таравари: Зголемениот број на смртност кај новороденчиња е последица на се што се случува во здравството изминативе 20 години

Покачениот број на смртност кај новороденињата е доказ за тоа во каква состојба е нашиот здравствен систем. Смртноста на нововроденчињата е последица на се што се случува во здравството изминатите 20 години“, рече министерот за здравство Арбен Таравари, кој на денешната прес-конференција даде отчет за работата на министерството во првите 100 дена од Владата.

– Смртноста на новороденчињата е тренд во Македонија изминатите неколку години и Министерството мора да направи страгегија за промена на ваквата ситуација, преку промена на условите во кои се раѓаат новороденчињата, рече Таравари.

Министерот за здравство, а сега и кандидат за градоначалник на Гостивар, на прес-конференцијата напомена и дека во земјава досега биле внесувани лекови од фирми без сертификати. Притоа рече дека неговиот тим работи на промена на законот за лекови и медицински средства со кои ќе се регулира внесувањето на лековите во државата, односно право на продажба на лекови во Македнија ќе имаат само сертифицирани фирми.

поврзани објави

Последни објави