17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Одговорноста за нападот во Марсеј ја превзеде Џихадистичката група Исламска држава

Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот напад на железничката станица Сен-Шарл во Марсеј, при кој беа убиени две жени.

– Борец на Исламската држава е одговорен за нападот со нож на железничката станица во Марсеј, се наведува во соопштението што го објави агенцијата на ИД, Амак.

Двете жени беа убиени со убоди од нож од страна напаѓач на железничката станица.

Претходно, францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон изјави дека властите не ја исклучуваат можноста оти нападот во Марсеј претставува терористички чин, но дека засега немаат докази за тоа.

Според Колон, на снимките од безбедносните камери се гледа дека напаѓачот прво ја напаѓа една од жените и бега, но потоа се враќа на истото место и ја нападнал и другата жртва. Жените биле на возраст од 21 и 30 години.

Напаѓачот веднаш беше ликвидиран од припадници на француските безбедносни сили, но неговиот идентитет не е соопштен, освен дека е на возраст од 30 години.

Според очевидци, за време на нападот, извршен на главната железничка станица во јужна Франција, напаѓачот извикувал „Алаху Акбар” (Бог е голем).

Градоначалникот на Марсеј, Жан-Клод Годен меѓутоа оцени дека нападот претставува терористички чин, бидејќи напаѓачот имал „повеќе идентитети“.

Во врска со нападот се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон, кој изрази „длабока вознемиреност“ поради инцидентот, изразувајќи пофалби за „ладнокорвното и ефикасно“ дејствување на припадниците на безбедносните сили.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави