4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Шилегов: Младите претприемачи ќе бидат ослободени од фирмарина во првите две години

Мерките кои што ги носиме со програмата Живот за сите, ќе дадат повисок стандард и поквалитетно живеење. Остануваме доследни на нашата одлука да создадеме услови кои што ќе обезбедат повеќе пари за граѓаните, повеќе средства за младите, повеќе средства за малите бизниси, изјави денеска во Шуто Оризари кандидатот за градоначалник на град Скопје од СДСМ Петре Шилегов.

„Со покачувањето на минималната плата отворивме спиралата за зголемување на платите. Таа тенденција ќе ја продолжиме и на локално ниво. И овде во Шуто Оризари да се почувствуваат мерките, да се почувствува животот за сите во оваа општина. Нашата Програма овозможува директна поддршка за домашните фирми, за малите и за средните претпријатија, какви што овде ги има најмногу. Обезбедуваме повеќе пари во општините, во градот Скопје, за да се отворат повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин, за локален развој“, рече Шилегов.

Тој најави дека младите претприемачи, кои што ќе одлучат да започнат бизнис ќе бидат ослободени две години од плаќање комунална такса кон Градот Скопје.

„Ќе обезбедиме можности во новиот Центар за помагање на мали бизниси, за започнување на бизнисот, за започнување на сопствена работа со која што програма ќе ги поттикнеме младите да започнат сопствен бизнис, сопствена бизнис идеја, со обука и помош за остварување на тие дејности“, рече Шилегов.

Извор: www.newsroom.mk

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -