3.8 C
Skopje
Tuesday, February 18, 2025

ЕП и даде пристап на Бугарија во визниот режим на Шенген

Европскиот парламент гласаше „ЗА“ пристапот на Бугарија и Романија во информацискиот визен систем на Шенген. Ова ќе им овозможи на двете земји да вршат проверки на државјани од земји надвор од ЕУ, без да можат да воведуваат, менуваат или бришат податоци. Предлогот веќе беше одобрен од Европскиот совет. Според европратениците, Бугарија и Романија ги исполниле сите услови за Шенгенскиот договор по однос на воздушните, морските и копнените граници, полициската соработка, заштитата на личните податоци и визите. Конечната одлука дали двете земји можат да станат дел од Шенген зоната и да ги прекинат системските проверки на границите со соседните земји од ЕУ мора да биде донесена едногласно од сите земји-членки на Европската Унија.

поврзани објави

Последни објави