13.8 C
Skopje
Thursday, March 13, 2025

Пике преку Инстаграм испрати порака до шпанските медиуми: МОЛЧЕТЕ!

 

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека после седум години љубовна врска, Жерард Пике и популарната пејачка Шакира се разведуваат.

Фудбалерот на Барселона е во љубовна врска со Шакира од 2010. година со која има и две деца. Шпанските медиуми објавија дека пред неколку дена Шакира одлучила да го остави Пике и да се пресели во Соединетите Американски Држави.

Сепак, колумбијската пејачка ги демантираше веднаш овие наводи и порача дека тоа е само од лагите од стран на шпанските, односно мадридските медиуми. Денес се огласи и Пике кој преку својот Инстаграм профил откри како стојат работите, па на интересен начин одлучи да испрати порака до медиумите кои објавија дека врската помеѓу него и Шакира завршила.

Шакира и Пике

 

поврзани објави

Последни објави