Поранешните клубови на трагично убиениот фудбалер, Мартин Јанушев му одадоа последна почест.
Македонија Ѓорче Петров и Локомотива по вчерашните дуели во Втората лига се сетија на својот поранешен играч и освоените бодови ги постветија на него.
Од тимот на Локомотива порачаа: „ФК Локомотива, бодот му го посветува на нашиот поранешен фудбалер Мартин Јанушев.
Почивај во мир“.
Влазерими-Локомотива 1:1 (1:0)⚽Димков 62ЛОК Јанков,Поповски,Даневски,Борха,Факиќ,Младеновски,(56'…
Posted by F.K. Lokomotiva-Skopje on Saturday, November 4, 2017
Исто така победата Македонија ЃП против Зајас ја посвети на веќе починатиот Мартин Јанушев. Фудбалерите под дресовите носеа блузи на кои пишуваше „ Почивај во мир Јанушев“.