Генерацијата македонски фудбалски таленти која е полна со имиња кои и тоа како ветуваат, тргна победнички. Македонската фудбалска селекција до 19 години на стартот од квалификациите за ЕП тргна победнички откако со пресврт за пет минути беше совладана Швајцарија со 2-1.
Швајцарија прва дадегол во 33. минута, кога Угриниќ погоди за предност од 0-1, резултат со кој се замина на пауза помеѓу двете полувремиа.
Во вториот дел на терен како да блесна некоја нова Македонија, па Трајковски во 56. мини израмни на 1-1, а пет минути подоцна Јани Атанасов погоди од пенал за предност од 2-1 што на крај беше и конечен резултата.