8.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

Министерот Салији се сретна со делегација на Меѓународниот Црвен крст

Денеска, Министерот за правда, Билен Салији, се сретна со делегацијата на Меѓународниот Црвен крст предводена од шефот на делегацијата, Јелена Стијачич.

Целта на средбата беше размената на мислења во однос на посетите на притворените лица кои се извршени до сега, извештаите од претходните посети и за посетите кои ќе се реализираат во наредната година.

Стијачич истакна дека Комитетот на Црвениот крст ќе продолжи да го подржува подобрувањето на затворските услови во Македонија и дека набрзо се очекува да има посета од стручна делегација од Женева.

Тема на разговорот беше исто така и подготвувањето на нов Договор меѓу Министерството за правда и Комитетот на Меѓународниот црвен крст.

Министерот Салији истакна дека ова соработка со Меѓународниот црвен крст ќе продолжи и во иднина и исто така изрази спремност за негова поддршка како и на Министерството за правда.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -