Балотели, Ламберт, Марковиќ, Ингс… Откако пред три години замина Луис Суарез, Ливерпул потроши 100 милиони фунти на офанзивни промашувања кои требаше да го надокнат неговото отсуство.
Конечно во тоа успеаа летово и тоа со голгетер кој воопшто не е напаѓач.
Мохамед Салах (25) десно крило на Рома, за кој е платено 42 милиони евра.
„Ситница“ во однос на тоа што Ливерпул за возрат доби од овој трансфер, како и во споредба на тоа како последните години фудбалерите се неверојатно преплатени.
“Египетскиот Меси“ во само четири месеци успеа достојно да се покаже за да може да се носи со тој надимак на великанот со кој што е споредуван.
Тој во 26 натпревари е заслужен за исто толку голови на Ливерпул, 20 негови, шест наместени од асистенција.
https://www.youtube.com/watch?v=mysGiVxmjGk
Салах стана првиот играч на Ливерпул после Лана Руша кој постигнал 20 голови пред Божиќ. Тој е и најефикасниот фудбалер во сите англиски клубови и лиги, земајќи ги во предвид сите голови во сите натпреварувања, во кои зад него е Хери Кејн.