fbpx
19.8 C
Skopje

Вучиќ: Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот Белград-Приштина

АКТУЕЛНО

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека од неговиот руски колега Владимир Путин добил потврда оти Русија е подготвена да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина што се води под покровителство на ЕУ, доколку биде приширен неговиот формат и во него се вклучат и САД.

– Постигнавме еден вид договор во случај ако има обиди и намери да се прошири форматот на учесници и посредници во разговорот меѓу Белград и Приштина и ако Американците сакаат да станат дел од тој формат. Прашавме дали смееме да кажеме дека од наша страна би се приклучила Руската Федерација, на што Путин одговори потврдно, изјави Вучиќ во Москва по денешната средба со претседателката на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент, Валентина Матвиенко.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -