fbpx
5.8 C
Skopje

Ордановски до Заев: Време е да се прибереш дома, владејачката партија е изгубена во магла (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Политичкиот аналитичар Сашо Ордановски во вчерашното обраќање на тематскиот панел „Реформи и политики за градење доверба во Македонија“ му порача на премиерот Зоран Заев дека е време да се прибере дома зашто може да стекне доверба во странство, но да ја изгуби тука, во земјава.

Ордановски на конференцијата „Патот понатаму за Македонија“ организирана од институтот „Прогрес“ упати и критики до власта, оценувајќи дека посебно се евидентни два клучни проблема. Првиот е на идејно ниво, а вториот е тоа што партијата внатре не е консолидирана.

„Не сум сигурен дека во СДСМ има внатрешен консензус за многу прашања. Типичен пример за тоа се проблемот со аерозагаденоста и реформите во судството. Партијата е изгубена во магла, прави конфузни чекори кои не даваат решенија. Зачуден сум од дезорганизираноста“, истакна Ордановски.

Аналитичарот посочи и за односнот на СДСМ кон албанските партии, за што кажа дека се поставуваат кон Владата на политички, но и на математички начин. „Пред да дојдат на власт играат политички, а кога ќе станат дел од власта почнуваат математиката и пазарењето“, нагласи Ордановски.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -