35.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

ВИДЕО: Малата Валерија блеска од среќа и ја поздравува Македонија по успешната операција!

Седумгодишната Валерија од Штип мина низ успешна операција на тумор на мозокот во Истанбул, благодарение на хуманите луѓе кои за кратко време ги собраа потребните средства за лекувањето во странство.

Краток период по хируршкиот зафат, слатката Валерија со широка насмевка им упати порака на цела Македонија во знак на благодарност за хуманоста.

„Чао штипјани, чао Македонијо. Многу ве сакам, сè е добро тука, шетам. Многу ве сакам, поздрав, чао“ – вели таа во видео објавено од нејзиниот татко, Зафир Зафировски.

VALERIJA UPATUVA GOLEM POZDRAV OD SRCE ZA SITE VIE KOI STO BEVTE NESEBICNO HUMANI

Posted by Zafir Zafirovski on Thursday, December 7, 2017

 

Валерија упатува голем поздрав од срце за сите вие кои што бевте несебично хумани“ – напиша тој во описот.

поврзани објави

Последни објави