Вистинскиот човек на кој е базиран ликот на Дедо Мраз живеел во Турција.
Сигурно и вие некогаш си помислувате колку ви недостигаат времињата кога верувавте во Дедо Мраз.
Период кога немавте грижи и сериозни проблеми и светот ви изгледаше како едно поубаво место за живот.
Токму за да ве навратиме во тој период ве потсетуваме на некои факти за Дедо Мраз, но и верувања за него ширум светот:
– Свети Никола (подоцна Дедо Мраз) е најпознатиот светец што го нема во библијата. На него се посветени преку 2.000 цркви во Франција и Германија и 400 во Англија.
– Американскиот илустратор со германско потекло Thomas Nast (1840-1902) помогнал да се креира модерната слика на Свети Никола (Дедо Мраз) како весел дедо, облечен во црвено, а Coca-Cola во 1931 година го стави овој лик во реклама и го зацврсти неговиот имиџ.
Свети Никола, кој подоцна ќе стане познат како Дедо Мраз, на три сиромашни девојки им помогнал за да не мора да заработуваат за живот преку проституција.
– Ликот на Дедо Мраз е базиран на вистинска личност, која живеела во 4-тиот век во Patara, место што денес се наоѓа во Турција.
– Остатоците на Свети Никола се во Италија.
– Во средината на 1800-тите поетот Thomas Nash напишал поема во која познатиот Дедо Мраз го сместува на Северниот пол, иако вистинскиот човек живеел во Турција. Го избрал токму Северниот пол затоа што тој не бил многу истражен и се сметал за земја на мистериите и фантазијата.
– Верувањето во Дедо Мраз ја подобрува имагинацијата на децата и способноста да мислат за можностите и потенцијалите.
– Кога научниците го реконструирале лицето на Свети Никола од 4-тиот век откриле дека тој имал лошо скршен нос, како резултат на прогонствата на христијаните од римскиот император Диоклецијан.
– Поемата на Clement Moore од 1822 „A Visit from St. Nicholas“ ја популаризирал идејата дека Дедо Мраз имал 8 ирваси.
– Верувањето дека Дедо Мраз има листа на лоши и добри деца потекнува од приказните на старите нордиски народи.
Во некои земји како Австрија, Латинска Америка, Холандија и Чешка, Дедо Мраз е на црната листа со цел да ги заштитат своите традиции за Божиќ од комерцијализацијата наметната од Америка.
– Со просечно 2.1 милијарда деца во светот и просек од 2.5 деца во едно семејство, Дедо Мраз би морал да направи 842 посети за време на празничната ноќ.
– Санката на Дедо Мраз би тежела 400.000 тони ако тој носи доволно играчки за сите деца на светот.
– Во Колорадо постои Santa Claus university, кој ги учи луѓето како да станат професионални Дедо Мразовци. Има курсеви за позирање, облекување, обликување на брадата итн.
Извор: Црнобело