Кутињо е продолжение на приказната
Филипе Кутињо синоќа стана 30. Бразилецот кој ќе заигра во тимот на Барселона.
Кутињо потпиша за каталонскиот клуб и им се придружи на Меси, Суарез и друштвото, а воедно ќе ја продолжи колонијата на бразилски мајстори во Каталонија.
Од него се очекува многу земајќи го во предвид фактот дека истиот е платен 160 милиони евра и дека доаѓа од Бразил, од каде што во редовите на Барса во минатото имаше големи фудбалски мајстори.
Од 30 Бразилци колку што го носеа дресот на Барселона, моравме да го намалиме списокот на само пет, кои на денешните љубители на фудбалот се многу добро познати, а навивачите на Барселона веруваат дека Кутињо барем приближно ќе направи како наведените бразилци од главната слика на самиот текст.