13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Честитка од претседателот на Собранието, Талат Џафери за Божик

Талат Џафери, претседателот на Собранието на Република Македонија, упати честитка по повод Раѓањето Христово – Божик до верниците од православна вероисповед и до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, до членовите на Светиот архијерејски синод и целото свештенство и монаштво.

Во честитката се наведува дека најголемиот христијански празник, Божик е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно кон најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е потребна.

– Верувам дека Македонската Православна Црква како најголема христијанска заедница во Република Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за љубов, простување, помирување и за сплотување. Затоа, нека овие денови бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме, а тоа се слободата, еднаквоста и праведноста. Ваше Блаженство, честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите сограѓани кои го прославуваат празникот посакувам љубовта и мирот да ги исполнат Вашите домови со топлина, семејна среќа и хармонија, стои во честитката.

поврзани објави

Последни објави