13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

(ВИДЕО) Голем пожар во предградие на Мелбурн

Голем пожар изби денеска во предградие на Мелбург и проголта неколку згради. Пожарот бил предизвикан од високите температури и сувото време, придружено со силни ветришта.

Властите им препорачаа на граѓаните да побараат засолниште наместо да се евакуираат, бидејќи така ризикуваат да бидат заробени од пожарот. Повеќе од 400 куќи останаа без електрична енергија, а ширум сојузната држава Викторија денес биле пријавени повеќе од 50 пожари.

Температурите во Австралија достигнуваат до 46 Целзиусови степени, а на жителите на земјата им е дадено предупредување да не излегуваат за време на најголемите жештини.

поврзани објави

Последни објави