По продажбата на Кутињо во Барселона, Англискиот премиер лигаш Ливерпул е одлучен во својата намера да донесе идеална замена за Филипе Кутињо.
Според извор близок до управата на Ливерпул, еден од врвните приоритети на клубот по заминувањето на Кутињо е враќањето на Уругвајскиот интернационалец и некогашен фудбалер на Ливерпул, Луис Суарез, на стадионот Енфилд, пишуваат светските медиуми.
Суарез е веќе во таква возраст што неговата вредност паѓа, па според шпекулациите Барса ќе ја искористи оваа можност да профитира од еден таков трансфер. Дали и колку е остварлив ваков трансфер и кам бек на Суарез во тимот на Ливерпул, останува да видиме..