13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ПОСЛЕ 21 ГОДИНA, ВЕЧНИОТ ТРЕНЕР ЗАМИНУВА: ЕВЕ КОЈ ЌЕ ГО ВОДИ АРСЕНАЛ КОН НОВИ ПОБЕДИ

Арсенал го одбра Карло Анчелоти како наследник на Арсен Венгер на клупата на Арсенал, доколку овој го напушти клубот ова лето, ексклузивно дознава британски Стандард.

Венгер некако го преживеа минатото лето откако голем број на навивачи повикаа на негова смена. Тој, тогаш потпиша нов 2. годишен договор.

Ни оваа сезона во Арсенал не цветаат ружи па повторно почна да се дискутира кој би можел да го замени Венгер. На Емирати, пак, одлуката уште не е донесена и се ќе зависи од вториот дел на тековната сезона.

Стандард Спорт од свои извори дознава дека челниците никогаш не биле посериозни во своите намери да го сменат Венгер, доколку тој не го постигне посакуваниот резултат од управата на крајот од сезоната.

Сепак, она што најмногу ги загрижува е да не им се случи истото што им се случи на Ман. Јунајтед по заминувањето од клупата на Сер Алекс Фергусон.

Она што е интересно е дека Анчелоти се сели назад во Лондон со своето семејство наредниот месец, откако го напушти Баерн во септември.

Арсенал во неделата испадна од ФА Купот, натпреварување кое го освои три пати во последните четири години и кое на некој начин беше спасител за слабите сезони на Арсен Венгер.

поврзани објави

Последни објави