13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Израел одобри изградбата на над 1.100 нови домови за доселеници на Западниот Брег

Израел одобри планови за изградба на повеќе од 1.100 нови домови за доселеници на Западниот Брег – палестинска територија, окупирана од израелската армија. Ова денеска го соопшти организацијата „Мир сега”, која се бори против колонизацијата.

Постапката за одобрените 1.122 живеалишта е на различни стадиуми – за 352 од нив е добиено зелено светло и изградбата генерално може да почне, а останатите 770 за првпат се потврдени.

поврзани објави

Последни објави