13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Трајко Славески нов потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ?

Поранешниот министер за финансии од 2006 до 2009 година и министер за развој од 1999 до 2000 година во владите на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески според извори за „Поглед.мк“ кои сакаат да останат анонимни, ќе биде новиот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во периодот 1999 – 2000 год., година Славевски бил министер за развој во владата на Љубчо Георгиевски. Од ноември 2000 до септември 2002 год., ја вршел функцијата советник на министерот за финансии и национален координатор за подготовка на „Националната стратегија за намалување на сиромаштијата“. Во мај 2005 година бил избран за потпретседател на ВМРО ДПМНЕ. Од април 2005 до август 2006 година бил член на Советот на град Скопје. По победата на ВМРО ДПМНЕ на парламентарните избори во 2006 година, на 27 август 2006 година бил избран за министер за финансии. Оваа функција ја извршувал до 10 јули 2009 година, кога бил разрешен од Собранието.

поврзани објави

Последни објави