12.8 C
Skopje
Friday, May 23, 2025

Игор Јанушев ќе биде нов Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го предложи за потпретседател на партијата поранешниот министер за образование и министер за развој во владите на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески.

Според непотврдени информации кои пристигнаа до нашиот портал, за функцијата генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ пак, се спомнуваат имињата на Игор Јанушев и Влатко Ѓорчев.

Игор Јанушев е роден 1983 година и има завршено образование на правниот факултет “Јустинијан Први” при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”. Истиот повеќе години е вработен во министерството за транспорт и врски, каде досега бил  раководител на Сектор за воздухопловство.

Тој во 2015 година беше избран за директор на ЈСП Игор Јанушев.
Дали и колку анонимните извори кои ги доставија информациите се во право и дали во ова има вистина, ќе дознаеме за многу кратко време….

 

поврзани објави

     

Последни објави