14.8 C
Skopje
Saturday, May 24, 2025

ГДУ продолжува со своите активности на терен, денеска беа во посета на Кичево (ФОТО)

ГДУ во посета на Кичево
Денеска со почеток од 17 часот членови на Иницијативниот комитет на ГДУ се сретнаа со граѓаните на Кичево. Оваа посета е дел од активностите на ИК на ГДУ, што има за цел да ги запознае граѓаните со основните цели и принципи на Граѓанско Демократската Унија.
Според извори од ИК на ГДУ средбата со граѓаните на Кичево поминала во позитивна атмосфера, со размена на многу интересни идеи, околу развојот на демократијата во Македонија и пред се зацврстувањето на граѓанското општество, како основен фактор за креирање на една подобра иднина на нашата земја.
Следните градови што ќе бидат посетени од активистите на ГДУ се Охрид и Битола. Во Охрид средбата со граѓаните ќе се оддржи во 12 часот во сабота, додека во Битола, членовите на ИК на ГДУ ќе бидат подготвени да одговорат на сите прашања на заинтересираните граѓани во 17 часот на истиот ден.

ГДУ во посета на КичевоДенеска со почеток од 17 часот членови на Иницијативниот комитет на ГДУ се сретнаа со граѓаните…

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Friday, January 12, 2018

поврзани објави

     

Последни објави