13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ГДУ во посета на Охрид, следна станица Битола (ФОТО)

Денеска во 12 часот членови на Иницијативниот комитет за основање на ГДУ се сретнаа со граѓаните на Охрид. Балканскиот Ерусалим е третиот град по Куманово и Кичево, што беше посетен од активистите на ГДУ. Членовите на ИК на ГДУ ги запознаа Охриѓани со основните цели и принципи на Граѓанско Демократската Унија.
Средбата со граѓаните на Охрид помина во позитивна атмосфера, со размена на многу интересни идеи, околу развојот на демократијата во Македонија и пред се зацврстувањето на граѓанското општество, како основен фактор за креирање на една подобра иднина на нашата земја.
Следна станица на „караванот“ на ГДУ е градот Битола. Денеска во 17 часот Битолчани ќе можат да се запознаат со идеите и целите кои си ги има поставено Граѓанско Демократската Унија.

ГДУ во посета на Охрид, следна станица БитолаДенеска во 12 часот членови на Иницијативниот комитет за основање на ГДУ…

Posted by Граѓанско Демократска Унија on Saturday, January 13, 2018

поврзани објави

Последни објави