fbpx
20.8 C
Skopje

Дојде како големо засилување за 40 милиони евра а замина на мала врата на позајмица до 2020

АКТУЕЛНО

Барселона попладнево потврди дека има договор со Башакшехир за трансфер на Арда Туран, играчот се сели во клубот од Турција на две ипол годишна позајмица

Откако Филипе Кутињо се пресели на Камп Ноу во зделка вредна 160 милиони евра, беше јасно дека неколку играчи ќе си заминат.

Прв кој ги напушти „Каталонците“ е Арда Туран. Турчинот во 2015 пристигна како големо зсилување за кое Барселона плати 40 милиони евра, но никогаш не ги оправда очекувањата.

Ернесто Валверде оваа сезона воопшто не сметаше на него, ниту еднаш не му даде шанса, па јасно беше дека Арда Туран ќе замине.

Попладнево пристигна и официјална потврда, Барса постигна договор со Башакшехир за позајмица на играчот до 2020.

„Каталонците“ го задржуваат правото да го продадат Арда Туран на друг клуб, а Башакшехир исто така има клаузула со која може во целост да го откупи играчот.

Финансиски детали од зделката не беа откриени.

Извор: 24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -