Откако со нејзиниот глас и хитовите „Smooth Operator“ и „Your Love is King“ ја освои публиката на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, британската пејачка Шаде Аду продаде повеќе од 50 милиони албуми, неколку платинести плочи, освои Греми, светска слива но и статус на музичка легенда.
Шаде ретко дава интервјуа, а во изминатите 20 години само еднаш беше на турнеја и снима се помалку. Во целата нејзина кариера има снимено само седум студиски албуми.
На листата на најбогатите музичари на „Сандеј Тајмс“ таа зазема високо место со проценка дека вреди повеќе од 30 милиони фуни, но таа тврди дека материјалните работи не ја интересираат.
– Не ми требаат многу пари. Доколку провалите во мојата куќа во Лондон, ќе излезете по половина час со празни раце бидејќи нема да најдете ништо вредно за крадење, објаснува Шаде со смеење.
И покрај нејзиното богатство, таа вози десет години стар „мерцедес“, а во куќата во Лондон се грее на стара електрична греалка, додека во куќата на село на западот на Англија, каде што се пресели во 2005 година, сама ја одржува градината.
– Некој ми спомна дека во хороскоп сум јарец и дека сум родена под најтажната ѕвезда, раскажува Шаде.
Таа е родена во Нигерија, а нејзиното целосно име е Хелен Фоласаде Аду. Таа пораснала во Велика Британија, каде што се доселила со мајката по разводот на нејзините родители.
Музиката не бил нејзин прв избор за кариера, завршила школа за дизајн по што работела како креаторка на машка облека, но повеќе заработувала работејќи како пратечки вокал. СО текот на времето сфатила дека музиката ѝ отвора и големи креативни можности.
По успехот со нејзиниот прв албум и големото медиумско внимание која што го добила, таа развила силна аверзија према медиумите и јавноста, па по секоја турнеја се повлекува во изолација.