13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

ВИЉАРЕАЛ НАПРАВИ ЧУДО НА „БЕРНАБЕ“

Играчите на Реал се изнашутираа, а Виљареал ја однесе победата во меѓусебниот дуел во Мадрид во шпанското првенство. На Зидан лошо му се пишува, а „Кралевите“ ја предаваат круната

Фудбалерите на Реал Мадрид пред себе имаа уште еден натпревар во кој мораа да слават победа, но Виљареал ги издржа жестоките напади на силниот противник и во финишот на мечот по контра напад даде гол за молк на трибините. „Жолтата подморница“ ја запишува првата првенствена победа на „Сантијаго Бернабеу“. Исто така првпат од сезоната 2008-09 Реал доживеал три порази на свој терен во една сезона.
Реал упати дури 30 удари кон противничкиот гол (најмногу на еден меч сезонава во Примера) но тоа не беше доволно за посакуван резултат. Герет Бејл во 14 минута постигна гол кој беше поништен поради офсајд, а пет минути подоцна Марсело имаше голема можност но Асенсио одбрани исто како што го одбрани шутот на Роналдо од слободен удар. Се редеа шанси за кралската екипа, но одбраната на Виљареал успеваше да се снајде, а потоа од контра напад во 87 минута даде гол за победа. Форналс успеа да го лобува Кејлор Навас кој беше излезен од голот. Среќата повторно не беше со тимот на Зинедин Зидан, а тоа беше нивен четврти пораз сезонава во првенството. Само 32 освоени бода од 18 меча е премалку за тим кој атакува на одбрана на шампионската титула.

 

https://twitter.com/DTee_Gh/status/952229057147625472

поврзани објави

Последни објави