Победата на Македонија против Словенија донесе и проблем за селекторот Раул Гозналез, еден од најдобрите и најпожртвуваните во националниот дрес има повреда.
Плејмејкерот на репрезентацијата на Македонија го повреди зглобот на мечот со Словенија, чии ракометари играа многу агресивна и жестока одбрана. Докторите веќе ги вршат потребните терапии, а Миркуловски би требало да биде подготвен за утрешниот натпревар против Црна Гора.
Повеќе информации околу состојбата на Миркуловски ќе следат на попладневниот тренинг, во „Дом Спортова“, од 18.00 часот.