fbpx
24.2 C
Skopje

Сме виделе се, но судија да удри играч и да го исклучи, до синоќа никогаш

АКТУЕЛНО

Неверојатна сцена

Неверојатна ситуација се случила во мечот на француското првенство меѓу Нантес и ПСЖ.

Главни улоги имаа фудбалерите на домашните Диего и судијата Тони Чапрон. Диего е исклучен во судското продолжение од натпреварот и тоа од бизарна причина.

ПСЖ тргна во контра, судијата Чапрон ја следеше, а фудбалерот на Нантес случајно беше главен виновник за падот на судијата.

Тогаш судијата одлучи да го возврати ударот, по што го удри фудбалерот, а потоа му покажа и втор жолт картон по што го испрати Диего во соблекувалната

Ова навистина ретко се случува на терените…

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -