18.8 C
Skopje
Friday, October 4, 2024

ОФИЦИЈАЛНО – ДИЛЕМИ ВЕЌЕ НЕМА: МЕСИ Е НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА, АРГЕНТИНЕЦОТ СРУШИ НЕСТВАРЕН РЕКОРД

Дербито од 19. коло од Ла Лига меѓу Реал Сосиедад и Барселона, која последната лигашка победа на Сан Себастиан ја запиша пред повеќе од десет години. Иако Сосиедад имаше водство од 2:0, Барса направи пресврт на натпреварот и со головите на Паулињо, Суарез и Меси славеше со 4:2.

Конечниот резултат во 85. минута после прекрасно изведениот слободен удар го постави Меси со својот 17. првенствен гол. Исто така, Аргентинецот го забележа својот 366. лигашки погодок во кариерата, а со тоа на вечната листа го престигна Герда Мулер кој од 1964. до 1979. година за Баерн постигнал 365 голови.

Lionel Messi

Битно е да се нагласи дека Германецот тоа го направил на 427 натпревари, додека Аргентинецот во шпанското првенство во недела го одигра тек својот 401. меч од 2004. година за Барса. Овој рекорд се однесува на бројот на постигнати лигашки погодоци во дресот на еден клуб во лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=epClP8a_9UE
Меси оваа сезона во Ла Лига одигра 19 натпревари на кои постигнал 17 голови и осум асистенции, додека Барса го искористила киксот на Реал кој сега има девет бодови предност пред Атлетико, 11 пред Валенсија и нестварни 19 бодови пред најголемиот ривал мадридски Реал.

поврзани објави

Последни објави