Украинскиот парламент го усвои законот, во кој се вели дека источните делови на земјата, контролирани од проруските сепаратисти, привремено се окупирани од Русија. Законот за реинтеграција го поддржаа 280 пратеници. Во него Русија е дефинирана како “агресор”. Москва одговори со осуда на одлуката на парламентот во Украина, велејќи дека тоа може да се смета само како подготовка за “нова војна”.
Украинските пратеници го усвоија законот вчера по жестока дебата која траеше три дена. Во документот се наведува дека “Руската Федерација извршила кривично дело агресија против Украина и привремено окупирала делови од нејзината територија”. Постои обвинение против Москва за испраќање на вооружени трупи во регионите на Донецк и Луганск.
Руското Министерство за надворешни работи го обвини Киев дека се обидува да го реши конфликтот во источниот дел на земјата со сила. Според Русија, законот е во спротивност со Минскиот мировен договор, кој беше потпишан во 2017 година.
“Законот најавува претворање на т.нар. Анти-терористичка операција во воена акција. За таа цел претседателот на Украина го одобри формирањето на” штаб за заеднички активности “, кој ќе планира користењето на вооружени војници против цивилно население на територијата на самата држава, при тоа не само во југоисточниот дел. И тоа без да биде прогласена воена состојба. Всушност, Порошенко ќе добие неограничена власт, тоа не е ништо друго, освен подготовка за нова војна “, се наведува во мислењето на руското министерство.
Таму се изразува ставот дека Киев се обидува да избега од одговорноста за “уништувањето и страдањето на луѓето” предизвикани од избезумените активности на украинските власти, како и дека, тие се обидуваат да ја препише вината на Русија.
“За жал, сведоци сме на создавање на ситуација која се заканува да доведе до опасна ескалација во Украина со непрeдвидливи последици за глобалниот мир и безбедност”, пишува уште во руската позиција.