13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Ципрас по средбата со Заев: Се согласуваме дека преговарачкиот процес доаѓа до крајот

Мојата длабока убеденост е дека балканите поминаа многу поради национализмот, тоа што е потребно е да има агенда за развој за европерспективите на Балканот да станат реални.

Како сила на стабилност во регионот, и поради оваа причина одиме напред за важните перспективи за балканскиот регион.

Јас знам дека многу луѓе од двете земји не гледаат, некој со скептицизам и загриженост, би сакал да покажам дека двајцата ние сакаме да ги решиме нештата со прагматизам и чувство на одговорност, рече грчкиот премиер Ципрас.

Ова го кажувам бидејќи не само што сакаме да го решиме спорот за името, туку сакаме да поставиме основи на меѓусебно почитување, мораме да се избориме со иредентизмот со сите негови форми, со гаранции дека нема да се појават слични облици во иднина за ова.

Зоран ме информираше дека е подготвен да преземе иницијативи, од моја страна изјавувам дека на овие основи ќе ги поддржам иницијативите кои мојата земја ги има, со цел придвижување кон европатланските процеси.

Мораме да најдеме решение за сите нерешени прашања за членството во НАТО и за евроинтегративните процеси да бидат успешни, но мораме да најдеме заедничко решение (ерга омнес) и дека во оваа рамка се согласуваме дека преговарачкиот процес се привршува кон крајот.

За паралела се согласуваме со премиерот дека разговорите кои се почнати со иницијативата мора да бидат идентификувани, мора истите да се пресликаат во инфраструктурни процеси, трговска размена и поголема соработка меѓу двете земји.

Уште еднаш би сакал да му се заблагодарам на премиерот за искрената дискусија и сакам да ја искажам мојата убеденост дека ова отвара нови перспективи за иднината.

поврзани објави

Последни објави