Мојата длабока убеденост е дека балканите поминаа многу поради национализмот, тоа што е потребно е да има агенда за развој за европерспективите на Балканот да станат реални.
Како сила на стабилност во регионот, и поради оваа причина одиме напред за важните перспективи за балканскиот регион.
Јас знам дека многу луѓе од двете земји не гледаат, некој со скептицизам и загриженост, би сакал да покажам дека двајцата ние сакаме да ги решиме нештата со прагматизам и чувство на одговорност.
Ова го кажувам бидејќи не само што сакаме да го решиме спорот за името, туку сакаме да поставиме основи на меѓусебно почитување, мораме да се избориме со иредентизмот со сите негови форми, со
Уште еднаш би сакал да му се заблагодарам на премиерот за искрената дискусија и сакам да ја искажам мојата убеденост дека ова отвара нови перспективи за иднината.
Покажавме во минатото дека можеме да работиме заедно за меѓусебен интерес. Ние сакаме да бидеме еднакви партнери во ЕУ и НАТО. Редно време е да најдеме решение прифатливо за двете страни. Мораме да водиме грижа и за двете интереси. Решението мора да биде во заштита на идентитетот на двата народи. Најавувам дека владата ќе го промени името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика “пријателство“. Со тоа ќе покажеме дека немаме никакви територијални претензии и ќе ја покажеме нашата подготвеност за конечно решение.