14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Екс претседателот на Мексико: Никогаш, никогаш, никогаш нема да платиме за ѕидот

Поранешниот мексикански претседател Винсенте Фокс денеска повтори дека Мексико никогаш нема да плати за изградба на ѕидот на американско-мексиканската граница како што бара претседателот на САД, Доналд Трамп.

– Никогаш, никогаш, никогаш нема да платиме за тој ѕид, изјави Фокс во интервју за Си-Би-Ес-Ен.

– Каква корист има од тоа? Со 30 милијарди долари можете да направите многу подобри работи од тој ѕид, додаде тој.

Фокс вели дека ѕидот не би спречил транспорт на недозволени супстанци.

– Ако сакате да ги трошите своите пари, вие американски даночни обврзници, имате право на тоа. Изградете ѕид. Но, сигурен сум дека ѕидовите не функционираат, ѕидовите никогаш не функционирале во историјата, нагласи Фокс.

поврзани објави

Последни објави